Не е едноставно кога треба да ја задржите препознатливата дизајнерска нота која што е карактеристична за вашите дизајни за возрасни, а да ја прилагодите за најмалата публика. Но, очигледно на либанскиот моден дизајнер Ели Сааб тоа му успева од рака.
Неодамна луксузната модна куќа креираше детска зимска колекција која ја содржи есенцијата на брендот, но суптилно прилагодена на детската публика.
Резултатот е волшебен – за мали, а модерни принцези.
Присутни се и оние бајковити фустанчиња во волуменозни кроеви со „пуфкасти" ракави, но и една сосема трендовска верзија на дводелни одела со кратки панталони и сако, килоти со тантела и елегантни кошули, а она што се провлекува како заедничка естетска референца на целата колекција се карнерите и машничките врзани во панделка околу врат.
Не знаеме дали со намера или не, но во оваа мини волшебна колекција се е така празнично, па истовремено може да ја сместиме и во категоријата: празнична магија.
Погледнете за што зборуваме...
Фото: Elie Saab