Ентони Вакарело го одбележа првиот ден на модната недела во Париз
•
25 септември 2013
Модната недела во Париз започна, а на првиот ден во центарот на вниманието беше ревијата на белгискиот дизајнер Ентони Вакарело. Неговиот спој на елеганција и смелост се покажаа како мошне успешни. Всушност, тоа е и главната одлика на колекцијата за пролет-лето 2014 година.
Целата колекција e исклучиво во црно-бело комбинација, со исклучок на неколку модели каде и црвената е дел од комбинацијата, со што се истакнува елегантната нота што дизајнерот сакал да ја нагласи во изгледот. Но, од друга страна, животинскиот принт, нитните и кожените додатоци даваат рокерска нота, со што комбинациите не се досадни.
Во продолжение погледнете ја колекцијата на Вакарело за пролет 2014.