Модна писта: Ентони Вакарело, пролет-лето 2013
•
13 мај 2013
Меѓу останатите дизајнери и белгискиот дизајнер Eнтони Вакарело се претстави на модната недела за пролет-лето во Париз. Вакарело воопшто не се плаши да го разголи женското тело а неговите фустани со екстремно висок шлиц креваа врева на многу свечени настани изминатата сезона и со тоа Вакарело го зголеми влијанието во светот на модата. Тој ги создавал креациите мислејќи на девојка која влегува во океан и на тоа како материјалот се навлажнува околу нејзините нозе и создава силуета која што е тесна, но како што се движи нагоре станува поразлабавена.