Француската пејачка Соко во колоритна кампања на Just Cavalli

10 јануари 2015

Во фазон на колорните 1970-ти години, кампањата на Just Cavalli за пролет-лето 2015 е сместена во приказна инспирирана од култниот фестивал Коачела и воопшто од фестивалскиот изглед.

А тоа секогаш вклучува слободен израз, лелеави кроеви, многу боја и експлозија од принтови кои во оваа кампања ги оживуваат тројца протагонисти, меѓу кои и француската пејачка и актерка Соко.

Тројката не навраќа во времето на хипи движењето кога во пост-воениот период музиката и љубовта беа главната движечка сила која требаше да го регенерира општеството, особено помладите генерации.

j

j

 

Објавено:
10 јануари 2015
Категорија: 
Колекции