Глам-рок мода на Том Форд

20 јуни 2013

 

Том Форд на почетокот на годината направи екстравагандна презентација на својата глам-рок есенска колекција , во која уживаа сите модни уредници ширум светот, како и сите оние кои нешто значат во модната индустрија. Овие денови беше објавена есенската кампања за неговата колекција, која дише во знакот на силните бои, смелите дизајни со фрагменти од стрип, кои во контрастот со белата боја доаѓаат до израз.

 

 

Моделите кои беа доволно храбри да ги облечат овие психоделични примероци се Со Јо Парк, Гема Рефуфи, Сузана Бјок и Хериет Пол, додека машката  ready-to-wear колекција ја презентираат Хуан Бетанкорт, Оли Тајлер и Конрад Бромфид. Во кампањата покрај парчињата облека, свое место имаат и очилата за сонце за претстојната сезона кои се карактеризираат со големи колоритни рамки, металик стакла и мачкасти облик.

 

 

Ѕирнете ја галеријата и уживајте!

Објавено:
20 јуни 2013
Категорија: 
Колекции