Неодолива сексапилна колекција на Том Форд

8 јануари 2014

Со умерена доза на сексапил спакуван во препознатливиот гламур, со својата пролетна колекција Том Форд се навраќа во периодот кога дизајнираше за Гучи. Дезенираното црно мини здолниште од неодамна претставената кампања на брендот, веќе го облече Бијонсе на својата гала промотивна забава за  новиот бестселер албум, а не се сомневаме дека нејзиниот пример ќе го следат и останатите познати холивудски трендсетерки.

Форд е идеален избор за црвениот килим кога јавните личности сакат да го привлечат вниманието на себе. Тоа добро го знаат и Ријана, Ен Хатвеј и цела плејада млади холивудски актери кои го избираат дизајнот на овој бренд за посебни поводи. Вообичаено за Том Форд, новата пролетна колекција нуди богат избор на сексапилни парчиња, а она што и дава дополнителна автентичност се необичните златни високи потпетици во скулптурен облик. Ѕвезди на актуелната кампања која ја фотографираше самиот Форд се: Естер Хиш, Конрад Бромфилд и Карлос Питерс.

 

 

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Колекции