Ријана и Мајли Сајрус топлес на годинешната Амфар Гала во Лос Анџелес!

30 октомври 2014

Овие две девојки се дефинитивно познати по тоа што ја искористуваат секоја прилика каде и да се појават за да покажат малку повеќе кожа! Овој пат, на Амфар Галата во Лос Анџелес Мајли Сајрус и Ријана се појавија во тотално сексапилни комбинации во кои повеќе откриваа отколку што покриваа.

За оваа прилика, Ријана се одлучи за бела креација од последната колекција на Том Форд со откриени гради и високи чорапи во комбинација во виолетови металик сандали.

Нејзината пријателка и колешка, Мајли Сајрус се одлучи за црна долга тоалета со транспарентен горен дел што целосно и ги откриваше градите.

Таа на настанот присуствуваше со нејзината мајка Тиш која се одлучи за долга сребрена тоалета од сатен која што одлично и прилегаше.

На Амфар галата присуствуваше и актерката Гвинет Палтроу која изгледаше неверојатно гламурозно во фантастичен црн женски костим со пресечени делови кај палтото. Оскаровката го „зачини“ и онака раскошниот изглед со едноставна фризура и шминка во која преовладуваше црвениот кармин што и прилегаше одлично!

Манифестацијата под името AmfAR Inspirational Gala беше воспоставена некаде во 2010-та година и преку неа им беше оддадена честа на некои од најстилските мажи во светот.

 

Оваа година, почестен со таа титула беше дизајнерот Том Форд кој изгледаше неверојатно стилски во црно – бела комбинација со кадифено палто во темно сина боја.

 

Во изминатите неколку години, од хуманитарната гала се собрани повеќе од 16 милиони долари, кои  се наменети за кампањата за борба против сида.

Објавено:
30 октомври 2014
Категорија: 
Сцена