Италијанското гратче Портофино е едно од омилените места на модното дуо Долче и Габана. Освен што беше местото каде што ја претставија последната алта мода колекција, послужи и како инспирација за новата капсулна колекција за Net-a-porter.

Креациите буквално ги содржат сликите што го отсликуваат градот. Боите на морето и флорални, ведри мотиви се аплицирани врз сите модели.

Припадничките на поубавиот пол ќе се вљубат во пенкало-здолништата, мини-фустаните, туниките, волуменозните здолништа, но и вечерните фустани.

За да биде комплетна, колекцијата содржи и костими за капење. Долче и Габана го следат трендот на едноделните костими, што доминираат, а тука се и торбите за плажа и еспадрилите, како и модните додатоци.

Од онлајн продавницата Net-a-porter одлично го процениле вкусот на публиката, па се надеваат на повеќе од успешна продажба на оваа капсулна колекција, која на нивниот сајт ќе биде достапна од 22-ри јули.

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
475 пати