Доменико Долче и Стефано Габана уште еднаш приредија единствено доживување. Нивната вила во Портофино беше местото каде што во петокот и саботата се одржа модното шоу.
Велат, домашната атмосфера им помогнала многу за се' да биде беспрекорно.
-Куќата на Стефано беше шоурум, а мојата бекстејџ за моделите - изјави Доменико.
Дизајнерското дуо претстави свој свет, своја нова бајка во која ги вклучија Хомер, Данте и Шекспир. Најмногу инспирирани од Сонот на летната ноќ, тие велат дека ова е нивна верзија на делото.
Грозје што расте на палми, лубеници на маслинови дрвја, нови суштества - Долче и Габана напраивја рај или нивната замисла за него.
-Кога гледате, не знаете што е реалност а што не. Денешниот моден систем е виновен што веќе никој не раскажува приказна - вели Стефано.
За нивната приказна вилата се подготвувала година дена, а ова е воедно шоу на брендот со најголема продуцкија - прикажани се 94 модели, проследени со 80 изведувачи.
Петокот беше посветен на женската мода, додека во саботата беа претставени машките модели. И двата дена, како што спомена Доменикот, куќата на Стефано беше шоурум на кој беше прикажан и накит.
Така, тие претставија колекција од алта мода за есен 2015, која не се ограничи само на женската мода, што и се очекуваше од нив.
Раскошни кринолини, рачно сликани принтови, цветни мотиви и мноштво кристали, украсни камења, пердуви од паун и луксузни материјали е она што Долче и Габана го понудија. Исто така, тие нагласуваат дека сите модели се уникати, што некако е и очекувано за колекција од висока мода.
Иако целосната колекција, односно ревија не е се' уште достапна во медиумите, ви презентираме дел од фотографиите, преку кои ќе можете макар за момент да се преселите во светот на ова модно дуо и да уживате: