Модната дизајнерка Антонија Ристовска ја претставува новата колекција пролет-лето 2015 со наслов “Garden”. Колекцијата е наменета за беспрекорната жена, жена ослободена од предрасуди, која знае да го обои животот, жена космополит. Антонија ја претставува колекцијата преку две подколекции кои се во стилот на 50-тите и 70-тите, во елегантен глам-стил.
Едната е романтична во пастелни тонови, со дизајн инспириран од полското цвеќе, рајска градина и птиците во пролет, додека другата е со геометриски дизајни, применети во претходната колекција Art en Deco на дизајнерката, кои сега во комбинација со големи цветни композиции го отсликуваат романтизмот на Art Nouveau движењето. Повеќето модели се надополнети со рачно изработени апликации и везови, со пролетен мотив, во форма на магнолии, ластовици...
Кроевите кои се застапени се реекспрерија на кроеви препознатливи за брендот, а применете е и техниката мулаж при создавање на креациите. Посебна нота на колекцијата даваат дизајните на материјалите, кој е единствен и создаден за потребите на колекцијата. Брендот Антонија Ристовска секогаш бил препознатлив по користење на квалитетни материјали. Овој пат за потребите на колекцијата заедно со графички дизајнер од Италија создадовме уникатни дизајни на материјали кои се печатеа во Италија. Дизајните се во шест различни варијанти, и припаѓаат на двете подколекции. Сите дизајни се печатени на природна свила и се со потпис на Антонија Ристовска.
Во однос на кроевите, во колекцијата доминираат кратки и долги коктел тоалети, и венчални фустани, но застапени се и блузи, здолништа и пантолони. Колекцијата содржи и рачно изработени ланчиња и украси за коса со цветни мотиви. Боите кои се застапени се пастелно сина, праска боја, виолетова, како и темно сина и бордо.
Колекцијата е претставена преку фотосесија која е направена во комплексот “Верина”. Заштитни лица на колекцијата се топ моделот Маја Ристевска и младата пејачка Јана Бурческа. Фотографиите ги направија Ани и Дими, шминката и фризурата се на Даниел Николовски, а цветниот аранжман е од Ателје Плус.