Крај на Лондонската модна недела: Ричард Квин создаде 23 нови црни креации во рок од 10 дена во чест на кралицата

21 септември 2022

Британскиот моден дизајнер Ричард Квин, вчеравечер ја затвори Лондонската модна недела со ревија на која ја претстави својата колекција за пролет/лето 23. На ревијата доминираа целосно црни креации, збогатени со тиари со мониста и превези од тантела посветени на покојната кралица Елизабета Втора.

Фото: Vogue

Во 2018 година, кралица присуствуваше на Лондонската модна недела и седеше во првиот ред следејќи ја дебитантската комерцијална ревија на Квин. Кралицата тогаш му ја врачи инаугуративната награда за британски дизајн која го вивна до недостижните висини на славата.

Гаејќи посебна восхит и почит кон кралицата, Квин открива дека тој, како и многумина други, биле допрени од нејзината добрина. Токму затоа, од моментот кога смртта на кралицата беше прогласена, Квин и неговиот тим комплетно ги вложиле своите труд и време да ја променат веќе планираната колекција и во рок од само 10 дена да создадат 23 сосем нови, комплетно црни креации во чест на нејзиното Височество. Жртвувајќи го својот сон, тимот работел деноноќно на новата колекција.

Фото: Vogue

Песната „Song to the Siren" на This Mortal Coil која свиреше во позадина ѝ даде дополнителна меланхолична нота на ревијата, додека моделите чекореа по пистата со превези од татнела долги до самиот под и дијадеми со монистра, вртејќи се околу инсталација од камери и телевизори на кои се прикажуваа архивски снимки од кралицата.

Дел од инспирацијата Квин ја добива и од кралицата Викторија, која носела црно половина од својот живот по смртта на нејзиниот сопруг принцот Алберт, заедно со превезите што покојната кралица и нејзината сестра, принцезата Маргарет ги носеа на погребот на нивниот татко во 1952 година.

Фото: Vogue

Покрај доминантните црни креации кои понудија изобилство на француска тантела и деликатни везови, Квин претстави и необични креации со скулптурални, па дури и „вонземски" силуети кои вклучуваа јаки бои, цветни принтови, наметки, пердуви, светкави материјали и латекс.

Погледнете како изгледаше завршната ревија на Лондонската модна недела.

Фото: Vogue

Објавено:
21 септември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
215 пати