Манго кампања за новата колекција за жени со облини

14 август 2014

Манго ја лансираше кампањата  за новата plus - size колекција со наслов „Виолета“. Робин Лавли е дел од модната агенција Wilhelmina Models и е модел со облини, а го привлече вниманието на јавноста откако на својот профил на Инстаграм објави необработени фотографии во бикини, со цел да докаже дека килограмите се само бројка.  Таа изгледа феноменално во новите парчиња од модниот бренд Манго, а неодминливо е да се истакне дека колекцијата совршено ги покрива деловите од телото кои дамите со облини би сакале да не бидат визуелно воочливи.

Објавено:
14 август 2014
Категорија: 
Колекции