Шпанскиот бренд Манго за новата колекција од формалната линија „Премиум"се инспирираше од 70-тите години кои како да ја маѓепсаа модната сцена и веќе неколку сезони се интензивно присутни.

Лукбукот за претстојната есен-зима е ретроспективен приказ на стилизирани и осовремени трендови во формалната облека од 1970-тите години.

Во новата „Премиум" линија панталоните се со висок струк, кошулите се со флорални принтови, здолништата се на преклоп, а овој пат во фокус на линијата се кошулите-фустани со тенок ремен што ја нагласува половината.

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
346 пати