Машка колекција од Тимберленд за есен – зима 2014 година

4 септември 2014

Префинетиот стил и рачно изработените детали нудат комбинации кои одлично се вклопуваат во урбаната „џунгла“, но и за прошетка во природа. Машката колекција на Тимберленд за сезоната есен- зима 2014 нуди богат избор на кожени јакни, модерни блејзери и слоевити капути.

Waterproof Mount Clay Field е одличен избор за сите оние момци кои се постојано во движење или ги завршуваат обврските во последните пет минути без разлика за какви временски услови станува збор. Јакната е одличен избор за дождливата сезона бидeјќи е водоотпорна, а одлично се комбинира со панталони во светла нијанса.

Mount Greilock јакната е со форма карактеристични за модата во 80-тите години и е одлична кога ќе дојде до пад на температурите. Одлично се вклопува со модел на оскфорд кошули, панталони или пак памучни маици. Предноста на овој модел е што воопшто не се гужва, па е одлична за секоја прилика.

Кожената јакна Skye Peak според кројот и деталите на неа дава делумен винтиџ изглед и за разлика од стандардните кожени јакни, овој модел нуди изолација во текот на студената сезона. Одлично се комбинира со тесни фармерки во сина и црна нијанса.

Како алтернатива е понудена и Wildcat  Bomber јакна која со едноставниот дизајн е одлична за слоевите комбинирање без разлика да тоа ќе бидат панталони и карирани кошули или пак џемпери.

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Колекции