Машка мода на високи потпетици

8 јануари 2014

cevli-fi

На модната ревија на младите дизајнери Џонатан Вилијам Андерсон и Кристофер Ребурн, се прикажа колекцијата есен-зима 2014 година, посветена на машката мода. Но, од една нова перспектива. Повисока и тоа буквално.

Имено, манекените по пистата зачекорија во гломазни обувки со пчарформа напред и потпетица одзади.

„До сега на ревијата можевме да видиме облека со разни принтови, чевли на платформа, јакни и преубави капути од влакно од камила“, изјави уредникот на модното шоу, Џорџина Волтије.

Своето мислење за овој нов момент го споделија и модните блогери.

„Високите потпетици можеби нема да им се допаднат на сите, но капутот од влакно од камила е класика, без оглед на тоа кој е вашиот стил. Кога се работи за машката мода, јас сум за тоа да се експериментира и комбинира, но овие чевли се навистина одвратни“, вели модниот блогер Џеј Јанг.

Многумина сметаат дека модата за мажите веќе некое време е се поженствена. „Ова е веќе втора колекција во која облеката има андрогени елементи, поради кои некои од нас помислија: Ок, сфативме“, додава блогерот.

Колекцијата е сочинета од модели во цветни дезени, кломпи, маици со ребрасти шари, но и некои со чудни хартиени ленти, кои им даваат дополннителна текстура.

„Тоа е супер мода, но каде би ги носеле тоа“, вели друг моден блогер, Сајмон Глејзин.

Покрај облека, колекцијата е сочинета и од додатоци како кожени чанти, стилизирани така да потсетуваат на канти.

Што се однесува до боите, доминираат нијанси на сина и жолта.

Погледнете.

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Колекции