Откриен е идентитетот на голиот човек на ревијата на D&G

28 јуни 2013

dolce-striker

Се работи за блогер од Берлин, во средните дваесетти години, кој сакал да внесе акција во модата. Неговото вистинско име не беше откриено, но познато е дека тој покрај тоа што е блогер, има и редовна работа, која не сака да ја загрози. Затоа се претставува со псевдонимот „Мики стрикерот“  (стрикер=егзибиционист што се соблекува на јавни места).

Мики е поврзан со германската машка мода и фудбалскиот блог „Dandy Diary“ (кој важи исто за еден од најконтроверзните блогови во светот), пренесува Фашиониста. Тие успеале да исконтактираат со неговиот колега, Џејкоб Хаупт, кој всушност ја откри информацијата.

Зад гестот нема посебен мотив. Тој едностано сакал да ја пренесе долгогодишната традиција на стрикерство од фудбалските мечеви, во модниот свет. Ги одбрал Долче и Габана, затоа што овие два дизајнера се првите што дозволија блогерите да седат во првите редови на ревиите.

Уште една од причините за таквиот гест е присуството на фудбалерот Лионел Меси.

Иако дизајнерите првин беа шокирани, ја сфатија шегата, па Стефано Габана дури и ја твитуваше фотографијата од инцидентот. Според новите гласини, дизајнерската двојка планира да го покани блогерот и на следната нивна ревија.

Ќе стане ли стрикерството тренд и во модата?

Објавено:
28 јуни 2013
Категорија: 
Актуел