Мистичната убавина на Џулиен Мур
•
23 декември 2013
Овој пат Џулиен Мур сними нов моден едиторијал во хотелска соба во Менхетен за магазинот The Edit. На фотографиите глумицата блеска во елегантни креации од тантела кои дополнително придонесуваат да дојде до израз нејзината мистична убавина. Во интервјуто за потребите на магазинот, покрај феноменалните фотографии може да се прочита и интервјуто во кое Џулиен зборува за пријателството и соработката со Том Форд, стилот, децата и филмската кариера.