Шанел Иман сними фотосесија за магазинот The Edit
•
24 март 2014
Шанел Иман e едел од ретките професионалци која може истовремено да постигне да се појави на повеќе ревии и да сними едиторијали и насловни страни за магазини. По завршувањето на модната недела во Њујорк, каде се појави на ревиите на Викторија Сикрет, Проенца Шулер, Марк Џејкобс и Дерек Лам и сними насловна страна за американскиот Вог, моделот најде време за интервјуто за магазинот The Edit.
Во екслузивното интервју покрај тоа што Иман зборува за дискриминацијата и расизмот во модната индустрија, таа става акцент и на стереотипите поврзани со тежината на моделите. За потребите на магазинот моделот сними едиторијал со креации од Симон Роша, Алтузара и Проенца Скулер. Фотографиите ги направи фотографот Пол Мефи.