Францускиот бренд за деца Оkaidi го прославува почетокот на училиштето со пораки за позитивни мисли и чувства, добро расположение, меѓусебно помагање, толеранција и оптимизам. Овие пораки, испреплетени со симболични елементи кои асоцираат на почетокот на училишната година се пресликани во фотосесија, изработена локално како поддршка на кампањата “Назад во училиштe”.
Позади фотографиите, каде главни актери се шест мали, но многу професионални деца-модели стои Билјана Ќосева, која вешто успеа да ги долови детските емоции на магичен начин и да создаде приказна кој го отсликува светот на Оkaidi, свет исполнет со искреност, едноставност и многу радост.
Оваа фотосесија не е прва соработка со Билјана - веќе неколку месеци брендот се појавува во прекрасните фотографии на Инстаграм профилот на Билјана, каде таа го отсликува шареното секојдневие и авантурите на нејзините две момчиња кои многу често се облечени во облеката од Okaidi.
Програмата “Назад во училиште” нуди разновидни парчиња за момчиња и девојчиња, кои создаваат микс од удобност и современ стил, карактеристичен за овој бренд. Боите се свежи со карактеристични тонови за есенските месеци, а нивното комбинирање нуди безброј варијации и можност секое дете да ја изрази сопствената уникатност.
Во продолжение погледнете го резултатот:
*спонзорирана објава Fashion Group Macedonia