Неконвенционалната убавина на Фрида Кало мимикрира во ресорт колекцијата на Валентино

17 јуни 2014

Мистичната и неконвенционална убавина на мексиканската уметница Фрида Кало мимикрира во новата ресорт колекција на роматичниот Валентино.

Токму пеперутките се „староседелците“ кои преку суптилни апликации се провлекуваат низ речиси сите креации на Валентино, надополнети со везени дезени на цветови, птици, растенија, животни, инсекти кои доаѓаат од еден далечен рајски свет на природни убавини обоен во сите бои на виножитото. Откако на чело на овој бренд застанаа Пјерпаоло Пичоло и Марија Грација Кјури се чини дека креативната насока во поглед на дизајнот на креациите достигна хомогеност и хармонија, затоа што вкусовите и страста кон митската убавина на едно далечно бајковито кралство е заеднички моден постулат на двата талентирани дизајнери. Нивната цел беше преку ликот на Фрида Кало да го претстават срцебиењето на реалниот свет, мексиканскиот фолклор и вонземските убавини.

Објавено:
17 јуни 2014
Категорија: 
Колекции