Од новата колекција на Оскар де ла Рента посакуваме летото да дојде што побрзо

11 декември 2020

Во тек е претставувањето на предесенските колекции за следната година, а модната куќа Оскар де ла Рента има оптимистичка модна прогноза.

Светли и свежи бои се во фокусот на сите креации, а после ваква сива година изгледа на сите им е потребно да се опкружат со светли нијанси.

Исто така, во оваа капсулна колекција забележително е и присуството на ананасот како мотив, нешто што е директна асоцијација на колекцијата на брендот од 1992 година и моделот што го носеше Линда Еванџелиста. 

„„Среќна и лелева“ е колекцијата со која сакавме да го најавиме доаѓањето на животот по пандемијата“ е кратката порака на двојката Лаура Ким и Фернандо Гарсија која раководи со уметничкиот дел од компанијата.

Освен ананасот, ригите и цветниот принт се исто така застапени, а дел од креациите имаат и панделки што совршено се вклопуваат во тој романтичен и оптимистичен естетски израз.

Погледнете:

Објавено:
11 декември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.018 пати