Погледнете што ни подготви Зара за ноември
•
11 ноември 2013
Ние тотално сме вљубени во новиот каталог на шпанскиот бренд Зара! Како и досега, брендот понуди неверојатни парчиња како дел од нивната зимска колекција, парчиња што се ултра модерни и сосема својствени за брендот.
Карирани палта, кожени панталони и здолништа, плетени џемпери и транспарентни блузи се само некои од парчињата што брендот ни ги понуди за овој ноември.
Со оглед на тоа што е само прашање на време кога ќе пристигнат ниските температури, ова се совршените парчиња што мора да ги имате во вашиот плакар.
Уживајте во галеријата и одберете си го вашето омилено парче за оваа сезона!