Прада: Колекција во служба на жените

21 февруари 2020

Како одминува и Миланската модна недела, така сè повеќе се дефинира впечатокот дека ретро естетиката ќе биде доминантна следната зима.

Овој тренд е забележителен и во најновата колекција на модниот бренд „Прада“, која беше претставена вчера. 

Миуча Прада и нејзиниот тим посочија дека создале колекција, односно облека во служба на жената. Како некој што отворено се декларира како феминистка, дизајнерката посочи дека сакала да понуди парчиња во кои жената ќе се чувствува и ќе изгледа моќно, да создаде парчиња кои ќе ѝ бидат од корист и кои ќе придонесат за она што жената е или посакува да биде.

Во првиот дел од колекцијата доминираат строгите кроеви, во комбинација со здолништа од ленти (како раздвоени фалти) идеални стајлинзи за деловен изглед. 

Потоа следат неколку полуксузни изданија, а благодарение на бундите од вештачко крзно.

Она што е впечатливо е што Миуча внесува и спортска нота во стајлинзите преку монтките-сакоа, како и високите чорапи, правиот крој на фустани.

Ретро нотата се препознава и во пуловерите во комбинација со кошули, како и лакираните капути со крзнени детали, кои ќе бидат вистински моден хит.

Покрај елегантни чевли, дизајнерката вклучи и гумени чизми во пастелни нијанси и сандали на ремчиња со широка потпетица. Жената мора да има комбинации за секоја ситуација, нели? 

Погледнете ја целосно колекцијата:

Објавено:
21 февруари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
476 пати