Изложба на костимите на Прада за „Големиот Гетсби“

2 мај 2013

Моделите што Миуча Прада ги креираше заедно со костимографката Кетрин Мартин за потребите на филмот „Големиот Гетсби“ станаа предмет на најраскажуваната сторија во модниот бизнис. Што е уште поневеројатно, станаа предмет на модната изложба „Кетрин Мартин и Миуча Прада го облекуваат Гетсби“, отворена во вторникот во њујоршкиот бутик на брендот Прада.

 

Catherine Martin And Miuccia Prada Dress Gatsby Opening Cocktail

Миуча Прада, актерката Кери Мулиган во друштво на режисерот на „Големиот Гетсби“, Баз Лурман, неговата сопруга Кетрин Мартин и нивната ќерка 

 

Претставувањето на костимите всушност се одржа еден ден пред светската премиера на филмот, а дизајнерката Миуча и костимографката Кетрин открија фустани, вечерни тоалети, шапки, чевли и накит, но и скици од костимите употребени во „Големиот Гетсби“. На настанот се појавија многу познати актери, пејачи и личности од модата и сите наздравија во чест на успешната соработка меѓу двете креативни жени.

 

Martin_Prada_Exhibit_6_BFA-640x457

Костимографијата за „Големиот Гетсби“ ја сработија Миуча Прада и Кетрин Мартин, сопругата на режисерот на филмот Баз Лурман  

Објавено:
2 мај 2013
Категорија: 
Актуел