Костимите од „Големиот Гетсби“ на изложба во Франција

14 март 2014

Костимографијата која Миуча Прада и Кетрин Мартин специјално ја дизајнираа и изработија за филмскиот хит „Големиот Гетсби“, ќе биде изложена во музејот Кодри, Франција, локација каде е сконцентрирано производството на најфината француска тантела.

По неколкуте патувања низ светските метрополи како Лондон, Њујорк, Токио и Шангај, костимите од филмскиот хит конечно пристигнаа дома. Реконструкцијата на моделите беше толку успешна што на почетокот на овој месец, дизајнерката Кетрин Мартин се закити со најпрестижната филмска награда „Оскар“ за најдобра костимографија. Во склоп со изложбата ќе бидат закажани предавања на тема „Мода и филм“, а најавени се и серија работилници.

Објавено:
14 март 2014
Категорија: 
Актуел