Во својот нов лукбук брендот H&M ни претстави романтично сексапилни и на моменти гламурозни парчиња долна облека за сезоната есен-зима 2013/14.
Не е се во надворешниот изглед, девојките и жените кои посветуваат внимание на себе, посебен акцент ставаат и на интимната мода. Свесни за овој факт, H&M има сериозен пристап кон своите колекции на долна облека.
Шведскиот моден гигант за оваа сезона есен-зима 2013/14 има подготвено заводлива и софистицирана, интимна линија на облека чија цел е да внесе еден романтично класичен допир на современите трендови во животот на припадничките на понежниот пол. Луксузната тантела, Push-Up градниците, обоени во најженствената розова боја и тонови на црна секси нијанса ќе направи да се чувствувате посакувано и совршено во секоја прилика.
Еве ви дел од преубавите дизајни: