Деновиве Гучи ја претстави новата капсулна колекција, повторно преполна со бои и фантастични принтови.
Колекцијата е едноставно наречена Gucci Garden, а се состои од 20 парчиња кои ќе бидат достапни исклучиво во нивните онлајн продавници од 5 – ти јули.
Ултра талентираниот Алесандро Мишел во колекцијата смести плисирани миди здолништа, бомбер јакни со цветен принт, кошули со панделки и нивните познати торби во три големини.
Како и сите останати колекции на Мишел, така и оваа изобилува со фантастични принтови од флора и фауна, многу апликации, неодоливи везови, златни детали, а сето тоа совршено направено во стилот на 70 – тите.
Со оглед на популарноста што дизајнерот му ја донесе на брендот во последните неколку години, нема сомнеж дека одличниот маркетиншки трик со лимитираната колекција ќе донесе уште поголема продажба и побарувачка.
За промоција на колекцијата е снимена и весела кампања со неколку прекрасни девојки кои ги носат препознатливите парчиња за брендот, а дизајнерот по кој знае кој пат нѐ остави без здив!