Разиграни пастелни дизајни во новиот лук бук на Соња Рикел
•
27 февруари 2014
„Team Sonia“на Соња Рикел, секогаш не изненадува со разиграни и необични лукбукови. Декорациите одлично се надоврзуваат со моделите на облека, во комбинација со јапонската улична мода испреплетени со симболични мотиви, препознатливи за дизајните на познатата дизајнерка.
Ниту една колекција со потписот на Соња Рикел не можеме да ја замислиме без светлите и инвентивни миксови на риги. Палава игра на форми, бои и силуети кои одлично ќе го обојат стилот на голем број дами во претстојните пролетни сончеви денови. Шармантниот склоп и креативниот дизајн нема да ве остават рамнодушни. Погледнете ги фотографиите од најновата зимска ready-to-wear колекција и одберете ја вашата омилена комбинација.