Либанскиот мајстор на занаетот, креаторот Зухаи Мурад знае како да им угоди на жените и секогаш да најде нов начин како да се чувствуваат како божици.
Совршена како и природата – таква е жената низ очите на Зухаир Мурад, подготвена до перфекција за следната коктел забава.
Неговата добро позната палета на луксузни материјали, тантела и светки, сега е надоградена со блескави орнаменти, кои и даваат нов слој на шарм и уметничка вредност.
Не се штедело ниту на раскош, ниту на боја.
Низ целиот тој гламур од ексклузивни материјали, разиграни се сите бои на виножитото, од нежни розови до азурно сини нијанси.
Силуетите се заносни, од такви што суптилно ја следат линијата на телото до волуменозни и атрактивни здолништа, со високо отворен шлиц.
Вистинско модно уживање.