Новата колекција на high street брендот H & M е повторно неодолива, исполнета со парчиња со едноставен крој во флорални и етно принтови. 

Дел од колекцијата се романтични блузички со карнери, панталони со висок струк, кожени јакни и стилски комбинезони. 

Како и во речиси секоја друга колекција сезонава, брендот понуди и многу бохо и ретро моменти, преку слатките наметки со топчиња во долниот дел и клач чантите со етно мотиви. 

Во колекцијата се сместени и многу модни додатоци како марами со интересен принт, слатки чевли на ниска потпетица, патики со лепенки и уште неколку други хит детали. 

Погоре во галеријата, погледнете ги сите парчиња од новата колекција на H & M.

Објавено:
21 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.036 пати