Роксанда Илинчиќ игра со колоритот во новата ресорт колекција

11 ноември 2014

Српската дизајнерка Рокасанда Илинчиќ со адреса на живеење во Лондон, имаше навистина успешна година во однос на професионалниот ангажман. Таа ја отвори својата нова продавница во Лондон, стана омилена стилистка на дел од најпознатите холивудски дами како Кејт Бланшет, Ен Хатавеј, Гвинет Палтроу, Ема Стоун, Рита Ора, Каролина Куркова но и на принцезата Кејт Мидлтон. И покрај огромниот успех кој го постигна за кратко време Илинчиќ сепак стои цврсто на нозе и продолжува да работи со полна пареа. Потврда за тоа е новиот лукбук за најновата ресорт колекција за 2015 година.

Моделите од новата линија се  колоритни, изобилуваат со строги форми, асиметрични кроеви и геометриски изгледи. Дизајнерката повторно играла на сигурна карта во однос на користењето на колор-блок варијантите.

„Мојата колор-блок игра е секогаш дизајнирана да изгледа како еден вид колаж. Ја користев силната жолта нијанса за да им дадам контраст на моделите, но исто така ги употребив и портокаловиот тон и силната зелена боја“, вели дизајнерката во официјалното соопштение за медиумите.

Користени информации од странски сајтови
Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Колекции