Сен Лоран помеѓу ѕвездите во Лос Анџелес

11 февруари 2016

Креативниот директор на Сен Лоран, Хеди Слиман го презеде успешниот рецепт од неговиот колега Том Форд и својата машка колекција за есен-зима 2016/17 и предесенската женска колекција за 2016, ги промовираше во главниот центар на шоу-бизнис збиднувањата – Лос Анџелес, а непосредно пред почетокот на Њујоршката модна недела.

Со оглед на тоа дека колекциите се инспирирани од калифорнискиот дух и рокенрол животниот стил, градот на ангелите се чини како сосема логичен избор за промоција.

Со став на рок ѕвезда, со рацете во џеб, рамената наназад и мистичен изглед, моделите на писта беа современа Сен Лоран реплика на златната доба на рокенрол музиката, кога Вудсток беше главен императив за тоа кој изведувач и каква музика заслужуваат да бидат на врвот.

Андрогениот изглед, повеќеслојните костуми, крзнените детали, широките ремени околу струк и марамите врзани околу врат, одаваа доем на ретро боемски приказ на современите Џенис Џоплин и Дејвид Боуви.

А кога ќе се земе в предвид дека елитата на Холивуд во мало, беше сместена во првите редови, приказната добива врвен финиш.

Објавено:
11 февруари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
155 пати