Сензуален есенски колорит во новата колекција на Women’secret
•
25 октомври 2018
Women'secret ја прославува есента со колекција која ја сочинуваат парчиња во бургундско црвена, тегет и окер боја.
Ова се боите што ќе ја обележат оваа сезона, а воедно ја носат есенската софистицираност во новата колекција на познатиот бренд.
Ноќници од сатен со тантела во контрастни бои и голем број на модели пижами со флорални мотиви полни со сензуалност и елеганција.
Наметките го дополнуваат изгледот и лесно се адаптираат за секое време од денот.