Романтична колекција за трудници на Women’secret

13 мај 2015

Престижниот бренд  Women’secret  во своите колекции секогаш прави спој на естетските и практичните потреби на жените. Овој пат понуди неодолива колекција за трудници.

Во линијата доминира романтичната нота благодарение на пастелните тонови и принтовите со риги и точки што даваат нежност на парчињата направени од природни и удобни материјали. Women ’secret сезонава нуди уште поголем избор за овој специјален период од животот на секоја жена, па така во колекцијата може да се најдат повеќе видови на деликатно изработени наметки, блузи, пижами, долна облека за трудници, градници за доење, како и специјални, практични додатоци кои ги олеснуваат првите денови во новата животна улога.

Објавено:
13 мај 2015
Категорија: 
Колекции