Вчера во Париз беше промовирана новата колекција на Шанел, прва пред-есенска линија под креативно водство на Вирџини Виард.
Есенцијата што ја запиша во генетскот код на брендот Коко Шанел е реинтерпретирана во модерна верзија адаптирана на новото време. Твид, бисери, препознатливото лого комбинирани меѓусебе во современата визија на новата креативна директорка.
Вирџини приказната ја смести на познатата адреса „31 Rue Cambon", локацијата на париската продавница на Шанел над која бил сместен и апартманот на Коко.
Софија Копола ја направи маестралната сценографија за ревијата, што на публиката ѝ обезбеди автентично чувство како напосредно да присуствува во апартманот на легендарната креаторка, што дополнително ги засили импресиите од ревијата.
Фото: Harper's Bazaar, Vogue