Шанел за прв пат ја промовираше ресорт колекцијата онлајн и користеше материјали од својата залиха

9 јуни 2020

Адаптирана на новите околности, ресорт колекцијата на Шанел вчера за прв пат беше прикажана онлајн.
Иако, првичната замисла на креативната директорка Вирџини Виард била колекцијата да се презентира на Капри, од каде е и инспирацијата за водечката тема, сепак вонредните околности ја пренасочија промоцијата во дигитален формат.

„Моравме да се адаптираме. Не само што одлучивме да користиме материјали што веќе ги имаме, туку генерално, колекцијата се разви како патување по медитеранската ривиера", вели креативната директорка.

Во изразот на колекцијата користени се референци од 60-те години, вклучувајќи го и стилот на познатите актерки од тоа време, кои летувале во познатите луксузни ресорти на Медитеранот.

Интересно е тоа што дизајнерката става акцент на функционалноста на колекцијата, па парчњата меѓусебе може да се комбинираат во различни варијанти, а сето тоа повторно во насока на апел за покренување на свеста за одржливоста.

Направен е елегантен спој на луксузна и лежерна естетика, опфаќајќи ги сите сегменти на гардероберот спакуван во куфер за егзотичен одмор.

Фото: Шанел

 

 

Објавено:
9 јуни 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
276 пати