Познатиот италијански дизајнер Џамбатиста Вали сезонава соработуваше со еден од најпознатите high street брендови H&M на магична колекција која секоја дама ќе ја посака во својот плакар.

Иако досега беа објавени неколку фотографии на кои можевме да ја видиме Кендал Џенер во црвен бајковит фустан од тул, викендов беше лансирана целата кампања и едиторијал за колекцијата.

Сите парчиња од долгоочекуваната колекција се неверојатно женствени и моќни, полни со впечатливи детали, многу тул и сосема очекувано, неодоливи цветни принтови.

Покрај парчиња за жени, во колекцијата дизајнерот смести и неколку машки парчиња и модни додатоци, а боите варираат од класична црвена и црна, сѐ до нежна розова, виолетова и златна кај деталите.

Што се однесува до цените, истите се движат од околу 18 па сѐ до 650 долари, според објавата на Вог. Целата колекција ќе биде достапна низ продавниците на H&M од 7 – ми ноември и онлајн на нивната страна, а според најавите и заинтересираноста, парчињата ќе бидат распродадени со брзина на светлината.

Погледнете ги сите парчиња и одберете го вашиот фаворит, а доколку имате можност секако, набавете си го за околу еден месец од сега.

Инфо и фото: Glamour.com

Објавено:
7 октомври 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.666 пати