По десет години успешна работа и освојување на женските срца, Џамбатиста Вали конечно ја лансираше новата ресорт колекција исполнета со романтични и женствени парчиња.
„Оваа ресорт колекција целосно ме отскликува мене“, изјави дизајнерот пред лансирањето на колекцијата во Њујорк.
Целата колекција е исполнета со навистина нежни и романтични парчиња што предизвикуваат носталгија по некои ретро времиња.
Сите парчиња од колекцијата се во светли нијанси, а речиси во целата колекција преовладува летната, бела боја.
Дел од колекцијата се интересни фустанчиња со прав крој и интересни детали во горниот дел, но и совршено скроени панталони – ѕвонарки што дизајнерот овојпат ги комбинира со едноставно фустанче со принт одозгора.
По десет години неверојатен успех, Џамбатиста Вали уште еднаш го зацврсти статусот на еден од ретките независни париски дизајнери кој го знае вистинскиот рецепт за жените да го обожаваат.
Погледнете ги најновите парчиња од дизајнерот кои се како создадени за луксузно лето и ноќи исполнети со многу романтика!