Го очекувавме многу долго и навистина вредеше! Единствениот Ели Саб на париската модна недела вчера прикажа колекција достојна за почит. Истата беше неверојатно раскошна и магична и апсолутно предизвика воздишки кај сите присутни.
Скоро секој фустан од неговата колекција ја следеше линијата на женското тело, потенцирајќи ја елеганцијата на жената со ремен на половината. Тој уште еднаш прикажа неверојатни фустани во преубави бои, материјали од кои застанува здивот како и модерни панталони и лежерни кошули во пролетни бои. Кога станува збор за боите, кај дизајнерот и овојпат доминираше белата, црната, беж бојата како и црвената и сината, а можеа да се видат и одлични парчиња со цветен дезен.
Пролетната колекција на Џамбатиста Вали беше доволно романтична за секоја жена да се чувствува убаво носејќи ја. Колекцијата се состоеше од фустани, куси горни делови и здолништа, со неверојатни цветни принтови и одлични кроеви.
Покрај колекциите на овие двајца неверојатни дизајнери, сосема шик беше и колекцијата на Емануел Унгаро кој прикажа романтични парчиња облека со принтови, точки, линии и пролетни бои. Колекцијата се состоеше и од интересни детали како интересни џебови, супер шик чанти и неверојатни чевли.
Сен Лоран уште еднаш прикажа колекција за современата рок девојка, составена од куси модерни здолништа, машки панталони, интересни фустани и супер модерни принтови.