Ресорт Клое и Емануел Унгаро: Урбана нота во комбинација со уникатна женственост!

12 јуни 2014

Одличниот дизајнерски тим од модната куќа Клое ја создаде ресорт колекцијата за 2015 за која ќе кажат дека е всушност и нивна пролетна колекција.

Истата, можеме да ја посочиме како вистински рај за вљубеничките во чистиот и нежен стил, со оглед на тоа што низ целата колекција се провлекуваат одлични парчиња со чисти и едноставни линии кои што се неверојатно носливи.

Во колекцијата се содржат неверојатно тренди и урбани парчиња како фустани во неколку бои со интересни мешани принтови, потоа одлични здолништа во А крој комбинирани со шик џемпери и кошули во прекрасни бои, но и панталони и интересни блузички со супер детали.

Што се однесува до чевлите, овој пат од модната куќа ни предлагаат и сандали, кломпи на висока потпетица, но и рамни сандали со ремчиња кои што се вистински хит за оваа сезона.

Боите овојпат варираат од бела, нежна сина, кафена, темно зелена, па сѐ до црна која што е употребена за неколку навистина одлични парчиња.

Фаусто Пуљизи лансираше подеднакво добра колекција за Емануел Унгаро под уникатното име „Order/Disorder“ во која успеа да спои различни принтови и форми како никогаш претходно.

Во ресорт колекцијата за 2015, модната куќа предлага шармантни свилени комбинезони со одлични цветни и животински принтови, но и  вечерни кратки фустани во нежни пролетни бои, како и мото јакни и други парчиња со украсни дијаманти.

Како што и самиот дизајнер вели, низ целата колекција се провлекува една урбана стрит нота, но сепак, целата колекција е вистинско олицетворение на вистинска женственост.

Во продолжение, погледнете ги двете колекции и одберете си го вашето омилено парче!

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Колекции