35

Цвеќе и само цвеќе може да биде паролата на пролетната колекција на Суно. Според првите коментари за шоуто во рамки на модната недела во Њујорк, Ерин Бити и Макс Остервајс изгледа биле во многу весело расположение кога ја создавале.

Светли бои, широки силуети се нешто што исто така се истакнува во најновата колекција од овој бренд. Освен цветните дезени, кои се комбинирани на различни начини, присутна е и црвената боја со нејзини нијанси, како и сино-белите принтови.

Вистинска летна и свежа колекција велат стручњаците, а дали е навистина така, погледнете во продолжение.

 

Објавено:
9 септември 2013
Категорија: 
Колекции