Танцот на темнината е носечка тема во новата колекција на Кикала

22 јануари 2014

 

Онлајн продавницата „More is Love“ и грузискиот бренд Кикала по втор пат ги здружија силите во лансирањето на нова колекција за која едиторијалот го фотографираше Мамука Кикалишвили.

 

 

За изработка на првата заедничка колекција фокусот беше на здолништата главно изработени од кожа кои имаа мошне инвентивен изглед во поглед на кроевите. За втората заедничка линија водечката нишка повторно ќе бидат здолништата но, овојпат обоени во контурите на пролетта, со силуета во форма на цвет,главно во црно-бели дезени и бои, надополнети со модни додатоци и аксесоари. Инспирацијата е од јапонскиот танц „butoh“, чиј основач е Казуо Оно. „Butoh“ се смета за танц на темнината чии движења треба да бидат синхронизирани со примеси на театарските Кабуки кореографии. Оваа конфузија на самиот танц му дава острина и асиметричност што го прави посебен и единствен од ваков тип.

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Колекции