„Тетовираната“ колекција на Вика Газинскаја во оригинален лукбук

8 март 2014

Скулптурните форми, меките линии и аплицираните тетоважи на здолништата и топовите, руската дизајнерка Вика Газинскаја ги обедини во тотално урбана и нослива колекција за авангардни девојки.

Новата колекција на оваа модна дизајнерка низ краток преглед можевме да ја проследиме во рамките на Париската модна недела. Она што предизвика најголемо внимание е впечатливата апликација на тетоважи кај скоро сите парчиња облека. Софистицирана линија, со елегантен крој, едноставни и женствени линии, без комплицирани експериментирања. Магичен резултат на модни комбинации слични на филмските модели од едно минато време, засилени со дезени од тетоважи кои се симбол на бунтовничкот дух и црвени срциња исцртани светло сини со птици и големи рози, симбол на љубовта кон работата.

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Колекции