Тренди чорапи и хеланки за претстојните студени денови

1 октомври 2013

Чорапите и хеланките се апсолутен must have за оваа сезона, а бидејќи истакнувањето на нозете е вистинска уметност и умешност на заведување, потребно е да се одбере вистинскиот модел кој ќе ги истакне и ќе ги примами погледите на мажите, а и на жените.

Италијанскиот бренд Калцедонија се претстави со есенско/зимската колекција чорапи и хеланки која е спој од разни стилови. На едно место може да се најдат разни принтови, апликации и материјали од кои преовладуваат кожените и тулот, а ги има и металните детали кои даваат посебен шмек за сите оние вљубеници во рокерскиот стил.

Триесетте интересни модели погледнете ги во галеријата фотографии.

Објавено:
1 октомври 2013
Категорија: 
Колекции