Тренди пред – есенска колекција за 2014 на македонскиот дизајнер Ристо Бимбилоски

17 јануари 2014

Македонскиот дизајнер со париска адреса, Ристо Бимбилоски ја претстави новата пред – есенска колекција за 2014 година и уште еднаш, сите ги остави без здив.

Охриѓанецот кој долго време работи како дизајнер во Париз и создава супер парчиња за неговиот бренд „Ристо“ веќе 20 години, создаде уште една одлична колекција по која веруваме дека ќе полудат неговите обожавателки како Кејти Пери, Парис Хилтон и блогерките кои го обожаваат.

За пред – есенската колекција за 2014, Бимбилоски создаде тренди панталони во прекрасни бои и дезени, модерни волуменозни, колоритни здолништа, прекрасни фустани и шик плетени џемпери.

Со оваа колекција, Бимбилоски уште еднаш докажа дека тој навистина создава парчиња за почит и восхит и ја оправда довербата на Кензо и Луј Витон.

Токму во овие светски познати модни куќи Ристо ја започна својата кариера и беше сосема успешен. Неговата креативност беше обожувана во Луј Витон вкупно четири години, а истата беше одлично прифатена и во Кензо каде тој работи како шеф на креаторите.

Фотографиите со кои Бимбилоски ја претстави пред – есенската колекција ги изработи Алек Бимбилоски, а за потребите на истата беа ангажирани македонски модели.

Објавено:
17 јануари 2014
Категорија: 
Колекции