Ристо Бимбилоски претстави разиграна колекција за есен/зима 2015

13 март 2015

Талентираниот дизајнер со македонско потекло Ристо Бимбилоски денеска ја претстави неговата нова есен/зима 2015 колекција на социјалните мрежи.

Бимбилоски повторно понуди интересни и стилски парчиња, а едно од највпечатливите во колекцијата дефинитивно се чевлите.

Имено, станува збор за сосема неконвенционални чевли со реси што му даваат една сосема поинаква димензија на секој изглед.

Покрај чевлите, дизајнерот во својата колекција смести и исклучително добри капути од кои најголем впечаток остави синиот што тој го комбинира со тренди ролка и црни тесни панталони.

Во неговата есенска колекција преовладуваат и многу интересни парчиња со реси меѓу кои и куси здолништа кои тој ги комбинира со нежни кошули, потоа крзнени елечиња, одлични плетеници и елегантни женски костими во одлични бои и дезени.

Особено интересен е спојот на плетени џемпери со лесните здолништа, но и со тренди панталоните до под колената. За впечатлив изглед следната есен тој нуди и интересни плетени фустанчиња со различни должини што секако ќе ги разиграат вашите стајлинзи.

Фотосесијата за новата колекција ја направи CG Watkins, стајлингот Аза Јусуф, додека Али од агенцијата Silent Models ги долови моделите на најдобар можен начин.

Објавено:
13 март 2015
Категорија: 
Колекции