Погледнете како се подготвуваше пролетната колекција на Ристо Бимбиловски

31 јули 2014

Откако одличниот дизајнер со македонскo потекло Ристо Бимбилоски неодамна ја лансираше својата пролетна колекција за 2015 година, неговите фанови сега имаат можност да видат како истата се подготвуваше.

Дизајнерот објави неколку фотографии од подготовките на колекцијата на неговата официјална Фејсбук страница.

На истите, може да се видат неколку прекрасни жени што прават одлични плетеници што многу често се дел од одличните колекции на креативниот Ристо. Дел од објавените фотографии се и пробите на кои неколку девојки носат дел од одличните парчиња од последната колекција.

Имено, пролетната колекција за 2015 година на брендот „Ристо“ е вистинско олицетворение на летните радости и задоволства.

Во истата, неговите обожавателки ќе најдат многу фустанчиња со интересен летен принт, но и особено интересни здолништа до колена со фалти комбинирани со шик блузички со тренди натписи.

Со оглед на тоа што станува збор за пролет/лето колекција, во истата изобилуваат светлите и јаки бои по кои летото се препознава.

Меѓу последните успеси на Ристо, се и неколкуте објави на парчиња од неговите колекции во магазини како Космополитан, Грациа, Мадам Фигаро и други.

Објавено:
31 јули 2014
Категорија: 
Фото галерија