Нова одлична колекција на македонскиот дизајнер Ристо Бимбилоски

7 март 2014

Креативниот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски има нова, одлична ready to wear колекција за сезоната есен-зима 2014/2015.

Во колекцијата се содржани урбани парчиња како комбинезони со ултра модерни принтови, здолништа до колена, плетеници како апсолутен хит за следната сезона, но и одлични тесни и широки панталони што совршено се комбинирани со креативни блузи, свилени кошули и совршено скроени палта.

Risto-AW14_15-19-0-bigthumb

Дизајнерот и овојпат е во чекор со трендовите, па во неговата колекција не почести и со неколку тренди металик парчиња како кусите здолништа, супер фустанчиња и широки панталони.

Risto-AW14_15-03-0-bigthumb

Што се однесува до боите, дизајнерот се одлучил есента да ја пречека во неколку нијанси на црвена, зелена, прекрасна виолетова и секако, неизбежните пастелни.

Сите парчиња се изработени во неговата родна Македонија, односно во Охрид каде и се наоѓа неговата семејна текстилна фабрика.

Risto-AW14_15-23-0-bigthumb

Сите парчиња од есенската, мистична бајка на Бимбилоски може да ги видите во продолжение и уште еднаш да се уверите во неговиот огромен талент.

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Колекции