Унисекс колекција на H&M „Denim United“

17 март 2017

Се поголем дел од „high street“ брендовите се одлучуваат за унисекс линии облека, соодветно стилизирана и за двата пола.

Шведскиот гигант H&M се приклучи кон оваа група и ја креираше својата унисекс колекција симболично насловена „Denim United".

Се работи за линија облека адаптирана за двата пола, базирана на џинс и на неколку основни, функционални парчиња облека во чисти и минималистички кроеви: памучни маички, блузи со качулки, фармерки, јакни во рамни кроеви...

Исто така значајно е да се напомене дека се работи за еколошка колекција, односно сите парчиња се изработени од органски и рециклирани материјали.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите од лукбукот наменет за оваа колекција.

 

Објавено:
17 март 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
156 пати