Валентино: Колекција во која минимализмот функционира како врвен луксуз

28 септември 2020

Во својата суштина, модата е огледало на сите сложени општествени релации и случувања, актуелни овде и сега. Нејзната есенција е нераскинливо ткиво на општествениот организам и затоа никогаш не би требало да бидеме изненадени кога одредена актуелна ситуација или глобален проблем силно ќе се рефлектира во дизајнерските колекции.

Тоа беше и е случај речиси со сите линии на кои дизајнерите работеа за време на пандемијата.

Невозможно е да се биде исклучен и изолиран од прашање што не засега сите, а токму на ова се осврна и Пјерпаоло Пичоли кога ја креираше колекцијата за сезоната пролет-лето 2021 за „Валентино“.

Самиот ќе посочи дека пораката што ја испраќа низ облеката се однсува на радикален романтизам, под што тој подразбира слобода, пресечна точка во која се пресретнуваат емоцијата и визуелното, индивидуалност...

„Што значи да се биде радикален романтичар денес? За мене тоа се римува со индивидуалноста, слободата да се изразите на свој единствен начин и преку различност. Исто така, тоа значи да не се следат правилата, да се изрази идеализмот, да се биде бунтовен, да се борите за подобар свет. Да верувате дека нештата може да се сменат. Вистинско прифаќање на различностите. Толеранција и љубезност. Тоа е светот кој што сакам да го прикажам низ мојата работа како дизајнер“, вели Пичоли.

Во својата нарација на раскажување дизајнерот ангажираше машки и женски модел, со различна животна позадина, повторно со цел да му даде посебен карактер на секое парче облека.

Раскошниот распон на колекцијата варира од прочистени минималистички сетови кои со својата едноставност постигнуваат нво на луксуз на кое ништо не треба ниту да му се додаде ниту да му се одземе, па сè до транспарентни, макси, лесни кафтани и фустани со карнери во кои женственоста е истакната на најпрефинет начин.

За комплетната модна приказна погледнете ги фотографиите во продолжение:

Објавено:
28 септември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
275 пати